Во организација на Општински сојуз на спортови Битола, по 62. пат се одржа манифестацијата „Избор на најдобри спортисти и екипи на Битола“, на која свое заслужено место имаа и претставниците на ГСК Пелистер – Стрелачки клуб Битола.

Од клубот упатија искрени честитки до сите наградени спортисти, тренери и екипи, истакнувајќи дека секој успех е резултат на долгогодишна работа, дисциплина и љубов кон спортот.

Посебна гордост за клубот се Лела Стојановска и Вања Арсиќ, кои со својата посветеност, професионален пристап и постигнати резултати се вистински пример за тоа како се гради спортска кариера. Од ГСК Пелистер нагласуваат дека нивните успеси се поттик и мотивација за сите млади стрелци кои допрва чекорат по патот на спортот.

„Нашата мисија е да создадеме спортисти со карактер, дисциплина и шампионски дух. Горди сме на нашите членови и ќе продолжиме да работиме посветено за нови успеси“, порачуваат од клубот.