Битола на 22 октомври ќе биде домаќин на едно од најголемите имиња во светскиот бодибилдинг – Бреон Ансли (Breon Ansley), познат како „The Black Swan“.

Двократниот шампион на престижното натпреварување Mr. Olympia во категоријата Classic Physique и првиот победник на Arnold Classic Physique ќе гостува во Hardcore Shop, во Bliss Mall – Битола.
Ова е ретка можност за битолските љубители на бодибилдингот, фитнесот и спортот лично да се запознаат со светски шампион, да разменат искуства и да добијат автограм.
📅 22 октомври 2026 година (четврток)
🕛 12:00 часот
📍 Hardcore Shop – Bliss Mall, Битола
По повод гостувањето, организаторите најавуваат и специјални попусти од 15% и 20% на избрани производи од Yava Labs, како и личен автограм од Ансли со секој купен производ од овој бренд.
Битола уште еднаш ќе биде место на средба со светската спортска елита!
