7 ЗЛАТА, 4 СРЕБРА И 15 БРОНЗИ , 3 ПЕХАРИ И ПЛАКАТА
К. К. „ Заншин до “-Битола натпреварувачката сезона 2025 год ја започна со одличен успех . Балканскиот турнир „ФУНАКОШИ ОПЕН„ се одржа на 22 февруари 2025 год и на него учествуваа 480 натпреварувачи од 8 држави . К. К. „ Заншин до “-Битола од овој тирнир се врати со 26 медали и тоа 7 злата, 4 сребра,15 бронзи , 3 пехари и плаката за успешна соработка . К. К. „ Заншин до “-Битола на овај турнир уште еднаш покажа дека децата со нетипичен развој се еднаки со сите деца само треба трпение, љубов и почит кон нивната желба за победа.
Вероника Кочов настапи со мајсторска ката џион , изведуваќи ја на одличен начин при што се здоби со злато и силен аплуз од публиката, присутните натпреварувачи и судиите,
Стефани Кикеска исто така имаше одличен настап и на ист начин беше вреднуван незјзиниот успех со златен медал и силен аплауз. Со златен медал се закитија : Леона Алиловска во кадети ката жени , Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски кадети/јуниори мажи ката тим, Лана Бејковска, Јована Јовановиќ и Тамара Стојановска во ката тим женски 2017 год. и Каја Темелковска се закити во две категории кати со златен медал .
Со сребрен медал се закитија: Алексеј Петковски во кати мажи 2017 год и помлади, Тамара Стојановска во ката жени 2017год. и помлади, Николај Петковски кумите мажи -42кг., Надалина Талевска, Маргарита Велјановска и Каја Темелковска во кадети/јуниори ката жени .
Со бронзен медал се закитија: Софија Неделковска ката 2017 и помлади жени, Лана Бејковска 2017 год и помлади жени, Јована Јовановиќ 2016 ката жени, Бојана Бошкова ката 2015 год. жени, Михаил Јовановиќ ката маж 2014 год и 2015 год. Надалина Талевска ката жени кадети, Емилија Илковска ката жени кадети , Александра Божиновски ката кадети мажи, Николај Ивановски кумите мажи -38кг, Теофан Ивановски кумите мажи -30кг. Николај Петковски, Јована Јовановиќ и Бојана Бошкова ката тим женски 2016/2015 год и Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска ката тим жени кадети/јуниори
Оваа сезона одлично ја започнавме и очекуваме нови успеси на престојните натпревари како и пласман за Балканско и Европско Првенство.
Со почит,
Тренер
Стевка Јанковска Петковска