​Уште еден екватантен пример на масивна и репрезентативна градба во Битола, споменик на нашето славно минато и за сите кои треба да го запознаат подобро нашиот град. Градба каква што нема да најдите во цела Македонија и е уште една од многуте заборавени и оставени сами на себе. Насилно одземени од еден поранешен режим и недоволно згрижени, сеуште чекаат подобри времиња…

Локација : Ѓуро Ѓаковиќ 26, Битола 

1

Објектот е лоциран во централното подрачје на Битола, во непосредна близина на Битолската Митрополија и меѓу битолското население е познат како “Куќа на Чока”.

2

Првичните констатации за барокните влијанија во обликувањето на фасадните волумени и во примената на фасадната декорација, само навидум се нудат како препознатливи и автентични, со што анализата за објектот станува посложена.

 

предна фасада

Репрезентативна фасада /Северозапад

задна фасадаЗадна фасада / Југоисток

 Во анализата на стилските својства на овој интересен објект, настанува определено изместување од првите визуелни опсервации, при што вниманието го насочуваме кон примената на специфичните елементи волути во кои се вметнати елипсовидни прозорци, кои го формираат кровниот калкански завршеток. Во контекст на сложената морфологија на фасадата, сочинета од богатство на “историзирани”единици, овој архитектонски елемент , остварува комуникација со различни историски периоди, и со различна географска распространетост.

6

За нас е посебно интересно, бидејќи освен алузијата на италијанската ренесанса која ја потпипува неговата припадност кон медитеранскиот стилски комплекс, овој обликовен елемент многу често ќе го препознаеме во манирот на некои црковни објекти градени како изданок на касните поствизантиски влијанија на развојот на црковното градителство во XIX век, и тоа на една поширока територија на балканскиот полуостров.

3

Истите елементи кај овие црковни објекти се употребени за дефинирање и композиционо балансирање на спој на централниот и бочните бродови, при што на источната фасада вообичаено се аплицирани и прозорски отвори со идентична диспозиција.

детал 1

Детал прозор /рамка

4

Тоа наведува до претпоставка дека кај овој објект, можеби се работи за локална интерпретација на тој мотив извадена од првобитниот состав и применета во изменет концепт со поинакво значење. Меѓутоа, тоа не го третираме во функција на намалување на впечатокот од првично констатираните стилски рефлексии, ако се земе во предвид комплексноста на целокупниот декоративен систем, употребен за оживување на влезната и најекспонирана фасада.

детал 4

Влезна партија

5

детал 2

Детал – влезна врата со декоративна рамка

 Тој систем го гради организираната и богата структура составена од прозорски декоративни рамки, аплицирана рустична обработка на вертикалните пиластрии, нагласеното цокле, и посебно обработен завршен венец над кој се развива веќе споменатиот калкански завршеток кој има тенденција да го одреди стилскиот предзнак на целиот објект и сите негови елементи.

приземје

Основа на приземје

кат

Основа на кат

пресек 1-1Надолжен пресек

пресек 2-2Попречен пресек

Покрај рустичноста на фасадната обработка, авторот обрнува огромно внимание на деталите од внатрешната столарија, која во секој поглед е подвиг за мајсторот на XIX век. Посебно внимание би обрнале на дрвеното комуникационо јадро, кое со својата изведбена финеса е на завидно ниво, со различна катна висина и композиција на скалила на секој кат.

8

9

10

 

Материјалот го приложи и обработи: Стојаноска Софија

Локација : Ѓуро Ѓаковиќ 26, Битола 

Година:  втора половина на XIX век

Извор: “Архитектонските стилови” – Кокан Грчев, Скопје, 2003 г.

Технички прилози и фотографии: Студентите на УАКС: Стојаноска Софија, Михаил Намичев, Дора Тодорчевска, Елон Емини, Партинов Томе.

Ова е еден од објектите во кој утврдуваме присуство на манирот и влијанијата на барокната архитектура на територијата на Македонија

Извор  www.marh.mk