Куќата на Вафијадис, терасата од која се гледал Пелистер

од May 29, 2026 0 коментари

Во срцето на Широк Сокак, меѓу фасадите што и денес шепотат приказни од едно поинакво време, се наоѓа и познатата куќа на Вафијадис, градба која со години буди љубопитност кај битолчани. Не е само уште една стара куќа, туку место поврзано со една интересна градска легенда, дека сопственикот, Вафијадис, изградил тераса токму за да може со часови да го набљудува величествениот Пелистер.

Во време кога архитектурата не се правела само за живеење, туку и за уживање во погледот, деталите имале душа. Велат дека од таа тераса, во денови со чисто небо, Пелистер изгледал како жив пејзаж, а Широк Сокак под него пулсирал со живот, пајтони, господа со шешири и дами во елегантни фустани.

Колку е ова историски факт, а колку убаво сочувана битолска приказна, токму таквите моменти ја прават Битола посебна. Зашто овој град отсекогаш живеел меѓу вистината, легендата и чаршијата.

Токму вакви малку познати, интересни и автентични битолски приказни ќе бидат дел од книгата ,,Приказните од Широк сокак 2″, која веќе е пуштена во печат, а наскоро се очекува и нејзина промоција.

Продолжението носи нови сведоштва, заборавени детали, фотографии и урбани легенди за Широк Сокак и стара Битола , приказни кои вреди да останат запишани.

Babam Bitola

Comments are closed.