Широк Сокак не е само улица, тој е жива хроника на Битола. Зад секоја фасада се кријат луѓе, семејства и приказни кои оставиле длабока трага во историјата на градот.
Една од највпечатливите градби е куќата на Широк Сокак бр. 43, изградена во 1905 година. Со својата препознатлива фасада и елегантниот железен балкон, таа со децении била сведок на животот во срцето на Битола.

Во оваа куќа живеел Марсел де Вос, професор, библиотекар и почесен конзул на Франција. По Првата светска војна тој останал да живее во Битола, каде што активно учествувал во културниот живот на градот и бил член на Француско-југословенскиот клуб. Неговата посветеност придонела за зачувувањето на француските воени гробишта, развојот на Битолскиот музеј и промовирањето на францускиот јазик меѓу генерации битолски гимназијалци. Неговата работа оставила силен белег во пријателството меѓу Битола и Франција.

Денес, оваа куќа останува еден од најубавите архитектонски бисери на Широк Сокак и потсетник на времето кога Битола била вистински град на конзулите.
Извадок и повеќе за оваа семејна куќа на фамилијата Јанакиевски имате во книгата „Приказните од Широк Сокак 2“ која можете да ја најдите во книжарница Book’s House, веднаш до Бар Општина, некогашна Општина.
