Денес рано изутрина, по повик за помош, од борби било одземено повредено куче кое веднаш е пренесено и хоспитализирано во Ветеринарната клиника Animal Care Clinic. Кучето, кое доби име Армор (симбол на сила и борбен дух), моментално е под терапија и ќе остане на лекување сè додека не се стабилизира.

Акцијата ја спроведе Министерството за внатрешни работи на РМ преку СВР Битола, а од Animal Voice ја поздравуваат нивната посветеност и ангажман за сузбивање на нелегалните борби со кучиња. Посебна благодарност упатуваат до сите полициски службеници кои покажале грижа и човечност во спасувањето на Армор .

Оваа акција е јасен доказ дека со волја и соработка, можно е да се стави крај на суровите и незаконски борби во кои кучињата често умираат или се убиваат доколку изгубат.