Оваа година по 24 пат од 9 – 12 мај во Бјелина, БиХ, Република Српска, се одржа меѓународниот хорски натпревар каде учество зеде и мешаниот хор при КУД СТИВ НАУМОВ. На фестивалот учество зедоа преку 40 хорови од различни стилови и категории.
Во две различни категории, за православна музика, и категоријата на мешани хорови, нашиот хор се натпреваруваше со 10 други и на крајот резултатите беа три златни медаљи.
Прво место со 98, 57 поени во категоријата за православна музика, каде настапивме во прекрасната црква ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, понесени од прекрасната акустика и љубовта кон акапела пеењето; прво место со 98 поени во категоријата за мешани хорови, настап во прекрасната сала на СОКОЛСКИ ДОМ, простор кој исто така не понесе да на сцената хористите се опуштија и ги раширија своите гласови. И уште една златна медаља која мене ми е најдрага, за најдобра изведба на современо дело. Со тоа само се потврди мојата желба за промена на репертоарот, дека се движиме кон добар пат кој ќе ни носи успеси и во иднина.