Членовите на КУД „Илинден“ од Битола одржаа целовечерен концерт во Дрвеник, Хрватска, во рамките на нивната актуелна турнеја.

Концертот се одржа под наслов „Вечер на македонскиот фолклор и далматинската песна“, а пред публиката беше претставен дел од богатото македонско фолклорно наследство преку традиционални песни и ора.

На истата сцена настапија и Женскиот пејачки збор Градац и Клапа Виоле Дрвеник, со што вечерта прерасна во интересна средба на македонската фолклорна традиција и далматинската песна.

Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со музика, игра и дружење, а битолскиот ансамбл уште еднаш го претстави македонскиот фолклор пред публиката надвор од земјата.

КУД „Илинден“ ја продолжува својата турнеја низ Хрватска и Србија, со повеќе настапи и гостувања во следните денови.


