КУД „ИЛИНДЕН“ ТРГНА НА ТУРНЕЈА НИЗ ХРВАТСКА И СРБИЈА

од • September 26, 2026 • 0 коментари

Главниот ансамбл на КУД „Илинден“ – Битола тргна на нова турнеја, на која преку македонската песна, оро и традиционална носија ќе ја претставува Битола и македонското фолклорно богатство пред публиката во Хрватска и Србија.

Првата станица на битолските фолклористи е Дрвеник, по што следуваат настапи во Градац, Дуго Поље и Дуги Рат.

По настапите на хрватското крајбрежје, турнејата продолжува кон Нови Сад, каде ансамблот ќе учествува на фестивалот „Бисерна Грана“.

Пред нив се денови исполнети со настапи, дружење и нови пријателства, но и уште една можност македонската традиција да биде претставена надвор од границите на земјата.

На членовите на КУД „Илинден“ им посакуваме среќен пат, успешни настапи и многу аплаузи! 🌟🇲🇰

Нека се вие македонското оро и нека одекнува битолската песна каде и да настапуваат! ❤️

Babam Bitola

Comments are closed.