КУД „Илинден“ со полугодишен концерт ја воодушеви битолската публика

од June 17, 2026 0 коментари

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола на 13 јуни 2026 година го одржа својот традиционален полугодишен концерт, на кој настапија сите детски и младински групи на друштвото, како и Изворниот и Народниот оркестар.

На сцената продефилираа околу 320 членови, кои преку игра, песна и музика го претставија богатството на македонската фолклорна традиција што ја изучуваа и негуваа во изминатите шест месеци. Бројната публика имаше можност да ужива во богата и разновидна програма исполнета со младешка енергија, талент и искрена љубов кон народното творештво.

Концертот уште еднаш ја потврди посветеноста и трудот на членовите на друштвото, корепетиторите, музичарите и уметничките раководители, како и значајната поддршка што КУД „Илинден“ ја добива од родителите и пријателите на друштвото.

Од КУД „Илинден“ упатија благодарност до сите посетители кои беа дел од оваа свечена вечер и заедно со нив ја прославија македонската култура, традиција и фолклорно наследство.

Со истата љубов, ентузијазам и посветеност, КУД „Илинден“ продолжува да ги негува и пренесува вистинските вредности на македонскиот фолклор на новите генерации.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата и фотографиите од концертот.

Babam Bitola

Comments are closed.