На 1 јули 2025 година, со гордост и емоции беше отворено јубилејното 20-то Македонско културно лето во Пустец. Во духот на македонската култура и наследство, Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола блесна на сцената со својот автентичен настап, пренесувајќи ги боите, звуците и движењата на македонската традиција.

Заедно со НУ Народен театар Битола и маестро Драган Даутовски, членовите на КУД „Илинден“ ја оживеаја културната меморија на Беломорието и Долна Преспа, изведувајќи песни и ора што со генерации се пренесуваат од колено на колено.

Настапот беше топло пречекан од публиката, која со аплаузи и емоции ја поздрави оваа силна порака на културна поврзаност, истрајност и љубов кон татковината.

КУД „Илинден“ уште еднаш потврди дека традицијата не само што се чува, туку и достоинствено се раскажува – преку музика, игра и душа.