КУД „ИЛИНДЕН“ ОД БИТОЛА ГО ПРЕТСТАВИ МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР ВО СУБОТИЦА

од • September 27, 2026 • 0 коментари

Членовите на КУД „Илинден“ од Битола настапија на III Фестивал на детски фолклорни ансамбли „Младост за Суботицу“, кој се одржува во Суботица, Србија.

Во рамките на фестивалската програма, битолскиот ансамбл најпрво учествуваше на дефилето низ градот, по што следуваше настапот пред публиката.

КУД „Илинден“ се претстави со игри и песни од Битолско и Демирхисарско, презентирајќи дел од македонското фолклорно наследство и традицијата карактеристична за овие краишта.

Настапот во Суботица е дел од активностите на КУД „Илинден“ за претставување и афирмација на македонскиот фолклор на меѓународни фестивали и културни манифестации.

Babam Bitola

Comments are closed.