КУД „Илинден“ достојно ја претстави Македонија на натпреварувачкиот дел од фестивалот во Истанбул

од July 18, 2026 0 коментари

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола денес настапи на натпреварувачкиот дел од меѓународниот фестивал „World Folk Dance Competition“ во Истанбул, Турција, каде ја претстави македонската фолклорна традиција во категоријата традиционален изворен фолклор.

Ансамблот се претстави со народната песна „Седело Ѓуре дос“, орото „Машка копачка“ и сценската адаптација „Русински мегдан“ на м-р Љупка Стефановска.

Настапот беше дел од официјалната натпреварувачка програма на фестивалот, на кој учествуваат ансамбли од повеќе држави. Со автентична музика, игра и традиционални носии, членовите на КУД „Илинден“ уште еднаш ја промовираа македонската култура и фолклорно наследство пред меѓународната публика во Истанбул.

Babam Bitola

Comments are closed.