Детската група на КУД Илинден од Битола денес беше дел од одбележувањето на Светскиот ден на културната различност, настан организиран од Општина Битола.

Со својата енергија, традиција и љубов кон фолклорот, најмладите членови достојно го претставија културното богатство и убавината на различностите.

Од КУД Илинден изразија благодарност до Општина Битола за поканата и можноста да бидат дел од овој значаен настан.

„Ни претставуваше особена чест што бевме дел од ова одбележување и што заедно ја славевме културната различност“, порачаа од КУД Илинден.
