КУД „Илинден“ Битола со „Комитската легенда“ го отвори 56. издание на „Илинденски денови“

од July 28, 2026 0 коментари

Со традиционално дефиле низ битолските улици и изведбата на антологиската кореографија „Комитска легенда“, Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола даде свечен белег на отворањето на 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Стотици учесници, придружени од песна и оро, продефилираа низ Ѓенимале и Широк Сокак, носејќи ја убавината на македонската традиција пред бројната публика. Свечената програма продолжи на фестивалската сцена, каде КУД „Илинден“ ја изведе „Комитска легенда“ – една од најпрепознатливите кореографии во македонскиот фолклор.

За членовите на друштвото, учеството на отворањето претставува чест и одговорност, но и продолжување на долгогодишната мисија за зачувување, негување и афирмација на македонското традиционално културно наследство.

Со својата изведба, КУД „Илинден“ уште еднаш потврди дека останува еден од најважните чувари на фолклорната традиција и нераскинлив дел од фестивалот „Илинденски денови“, кој повеќе од пет децении ги обединува љубителите на народната песна, игра и култура.

Babam Bitola

Comments are closed.