Под мотото „Од кога започна сè… со љубов продолжува“, Културно-уметничкото друштво „Илинден“ – Битола на 13 декември 2025 година ќе го одржи својот голем јубилеен концерт, по повод 70 години непрекинато постоење и работа. Настанот ќе се одржи во НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 19:30 часот.

Овој концерт претставува голем културен настан за градот, кој ќе го обедини целокупното творештво и развој на Друштвото низ четири историски периоди – од формирањето, преку најзначајните сценски моменти, па сè до денес. Публиката ќе има можност да ужива во богата програма, преку која ќе биде прикажано богатото наследство на македонската традиционална песна, оро, носија и културна меморија што КУД „Илинден“ ја чува повеќе од седум децении.

Приказната што започна со љубов, продолжува да живее во секој чекор, во секое оро и секој глас – тоа е нашата мисија, која ја негуваме и пренесуваме на новите генерации“, истакнуваат организаторите.

Концертот се реализира со поддршка на:

  • Министерство за култура
  • Општина Битола

и со партнерство на компаниите:
MINT FinTech Group, Josifov Automobili, Hemometal Bitola и Vemilk.

Организаторите упатуваат јавна покана до сите љубители на фолклорот и традицијата:

„Ве очекуваме на незаборавна вечер исполнета со љубов, култура и свеченост.“