Во текот на викендот, од 14 до 16 ноември, во Кратово се одржа стручен семинар организиран од СОФАМ, посветен на деталната обработка на регионот Пијанец од аспект на изворниот и стилизираниот фолклор. На семинарот активно учество земаа и членовите и корепетиторите на КУД „Илинден“ – Битола: Виктор Крстевски, Милена Марковска и Филип Јаковлевски.
Преку стручни предавања, практични работилници и теренска анализа, учесниците имаа можност да го продлабочат своето знаење и да разменат искуства со водечки истражувачи и педагози од областа на фолклорната уметност.
Културно-уметничкото друштво „Илинден“ Битола со особена гордост истакнува дека неговите корепетитори континуирано ги следат фолклорните семинари низ Македонија, унапредувајќи ги своите професионални компетенции. Тие се активен дел од фолклорната заедница како етаблирани етнокореолози и етнолози, придонесувајќи за зачувување и развој на македонското културно наследство.
Со чекор кон иднината – со почит кон традицијата.





