КУД „ИЛИНДЕН“ – БИТОЛА ДЕЛ ОД СПЕКТАКУЛАРНАТА МУЗИЧКА ВЕЧЕР ВО ХЕРАКЛЕЈА

од July 30, 2026 0 коментари

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ – Битола беше дел од целовечерниот концерт на Влатко Миладиноски и Оркестарот на Златко Миладиноски, кој се одржа во уникатниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја.Пред бројната публика, членовите на КУД „Илинден“ настапија како дел од музичко-сценската програма, дополнувајќи ја вечерта со македонската традиција, игра и автентичен фолклор.Посебно значење за друштвото има фактот што Влатко и Златко Миладиноски се долгогодишни членови на КУД „Илинден“ – Битола и неизоставен дел од неговата богата историја.Од КУД „Илинден“ истакнаа дека им претставува чест и задоволство што беа дел од оваа музичка вечер, која уште еднаш ја потврди силната поврзаност меѓу македонската народна музика, фолклорот и културното наследство.

Babam Bitola

Comments are closed.