КУД „Илинден“ – Битола вечерва го започнува натпреварувањето на светскиот фолклорен фестивал во Истанбул!

од July 14, 2026 0 коментари

Последните подготовки се во тек пред свеченото отворање на престижниот „World Folk Dance Competition“ во Истанбул, Турција, каде што вечерва својот натпреварувачки настап ќе го започне КУД „Илинден“ – Битола.

По успешно одржаната техничка проба, членовите на ансамблот се подготвени достоинствено да ја претстават богатата македонска фолклорна традиција пред меѓународна публика и стручно жири.

Фестивалот, кој се одржува од 13 до 19 јули, собира фолклорни ансамбли од десетици земји, а учесниците се натпреваруваат за највисоките признанија во повеќе категории.

Битолскиот ансамбл и овојпат ќе ја претстави Македонија преку автентичните народни ора, песни и традиционални носии, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на успешни настапи на меѓународната сцена.

На членовите на КУД „Илинден“ им посакуваме многу успех, достоинствен настап и нови признанија за Битола и Македонија!

Babam Bitola

Comments are closed.