Заинтересирани сте за работа во компанијата што вработува повеќе од 6.500 вработени од различни општини, но скептични сте за веродостојноста на информациите што секојдневно ги добивате од вашето опкружување. Причината поради која досега не сте аплицирале за работната позиција: оператор во производство е потребата „практично” да се запознаете со процесот на составување кабелски сноп. Подготвени сте за предизвици и поседувате натпреварувачки дух?

Ако одговорот на горенаведените прашања е позитивен, тогаш ги покануваме жителите од општина Прилеп и околните рурални средини да бидат дел од настанот:

„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ ВО ВАШАТА ОПШТИНА – КроШу РАБОТИЛНИЦА”

Основна цел на организација на настанот е практично, во импровизирани услови да ви го приближиме нашето секојдневие. Исто така сакаме да:

-ја тестираме вашата подготвеност за предизвици;

-го разбудиме вашиот натпреварувачкиот дух;

-ве наградиме за вложениот труд

Место на одржување на КроШу настан: Плоштад „Методија Андонов Ченто” Прилеп;

Датум и час на одржување на КроШу настан: 29.06.2019, започнуваме во 11 часот, па натаму;

Право на учество имаат сите полнолетни граѓани;

Правилата ќе ги креираме со меѓусебен договор.

По завршувањето на настанот сите заинтересирани ќе можат да пополнат апликација за вработување во нашата компанија и ќе бидат потенцијални кандидати на нашето големо КроШу семејство.

Ве очекуваме!