Крај на едно успешно поглавје: Еурофарм Пелистер се збогува со четворица шампиони

од May 29, 2026 0 коментари

Во спортот, разделбите секогаш носат емоции. Особено кога зад нив остануваат заеднички победи, освоени трофеи, незаборавни натпревари и искрени пријателства. РК Еурофарм Пелистер денес се збогува со четворица ракометари кои оставија силен печат во зеленo-белиот дрес и беа дел од една од најуспешните етапи во поновата историја на клубот.

Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ и Домен Тајник ги завршуваат своите епизоди во Битола, носејќи со себе спомени исполнети со успеси, емоции и шампионски моменти.

Во дресот на Еурофарм Пелистер, сите четворица освоија по две шампионски титули во Македонија и еден Суперкуп на Македонија, вградувајќи се во успесите кои долго ќе се паметат меѓу битолската публика.

Тие не беа само дел од тимот – беа дел од едно семејство, од атмосферата што ја создаваа трибините во салата „Боро Чурлевски“, од победничкиот дух кој ја обединуваше Битола.

Од клубот со порака исполнета со благодарност: „Битола и РК Еурофарм Пелистер ви е благодарен од срце и наклон до под! Нашиот дом секогаш ќе биде и ваш дом!“

Разделбите се дел од спортот, но спомените, трофеите и почитта остануваат засекогаш. Битола нема да ве заборави.

Babam Bitola

Comments are closed.