Скијачката сезона на продолжува со мала организациска пауза. Од управата информираат дека центарот утре, понеделник (23 февруари), нема да работи, по што активностите повторно ќе продолжат веќе од вторник.
Според најавите, од 24 февруари посетителите повторно ќе можат да уживаат во зимските активности, но скијањето ќе се одвива исклучиво на горната стаза, каде снежните услови во моментов се оценети како одлични.
Од ски центарот упатуваат покана до сите љубители на снегот, природата и зимските спортови да го посетат и да создадат нови зимски спомени во планинската атмосфера.
Надлежните апелираат посетителите редовно да ги следат официјалните информации за работното време и состојбата на патеките, во зависност од временските услови.





