Главниот став за ЗЕМЈОТРЕСОТ како појава е дека ниту може да се најави кога ќе се случи, ниту пак колку ќе трае истиот. Како инженер од областа на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, со сигурност можам да потврдам дека објектите, барем по земјотресот во Скопје од 1963 година, во целост се асеизмички проектирани, со висок степен на сигурност. Впрочем со проектна магнитуда 9.0 според Рихтер и самиот концепт на проектирање вели: “Проектирање на безбедни објекти за кои под дејство на земјотрес се дозволени минимални штети (значи не се избегнуваат истите), но во никој случај не дозволено да се случи целосен колапс – заради самиот скелет на објектите!” Искуство, магнитуда од (5.5) 5.8 во низа од претходно и последивателно, помали и поголеми магнитуди се смета за некаков пик. Што значи, нема простор за паника! Совет, и да се повтори само без паника застанете до носив конструктивен елемент – греда, столб, рамка! Не застанувајте до ѕидови од тула, кои се исполна од некој ѕид! Не застанувајте во близина на надворешен ѕид!
Михаил Наумовски