КИЦ Офицерски дом
Понеделник, 02.06.2025
18:00 часот
Државното музичко училиште – Битола со гордост Ве поканува на концертот на младите соло пејачи Илијана Серафимова (сопран) и Климент Ристески (бас-баритон), ученици од класата по соло пеење на проф.м-р Маја Митровска. Музички соработник на концертот е проф.м-р Анастасија Гичевска.
На програмата ќе се изведат дела од реномирани композитори како Вивалди, Перголези, Моцарт, Чајковски, Рахманинов, Бизе, Доницети и други.
Илијана Серафимова, родена во Битола, е млада уметничка со богато музичко искуство и бројни награди од домашни и меѓународни натпревари.
Климент Ристески, роден во Охрид, исто така е добитник на престижни награди за соло пеење и настапи на значајни фестивали во земјата и странство.
Концертот е одлична можност да ги чуете овие извонредни млади таленти во живо и да им дадеме поддршка на нивниот пат кон големите музички сцени.
Влезот е слободен.
Локација: Културно-информативен центар – Офицерски дом, Битола