Во рамки на втората фестивалска вечер на ЛОКУМ ФЕСТ 2025, на 17 јули (четврток), пред битолската публика ќе настапи младата уметница Габриела Новевска со нејзиниот проект „Те кажувајет, Илино моме…”.
Настанот ќе се одржи во прекрасниот амбиент на НУ Завод и музеј Битола – ПАЦИО, со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен за сите посетители.
Проектот „Те кажувајет, Илино моме…” претставува музичко-поетска изведба што низ глас, збор и емоција ги раскажува приказните од македонската традиција. Со овој настап, Новевска уште еднаш го истакнува значењето на културното наследство и неговото современо пренесување пред новата публика.
Локум Фест, како и секоја година, ја слави музиката, културата и емоцијата низ интимни вечери под отворено небо во срцето на Битола.
📅 Датум: 17 јули 2025
📍 Локација: НУ ЗМГ – ПАЦИО, Битола
🎟 Влез: Слободен
🕗 Почеток: 20:30 ч.





