Остануваат уште 11 дена до истекот на рокот за учество на 13-то издание на фото-изложбата „Со љубов од Битола“. Конкурсот е отворен до 1 август 2025 година, а темата оваа година е „Битолските порти“ – фотографски приказ на цели или детални елементи од порти на објекти во Битола.

Право на учество имаат сите љубители на фотографијата, без разлика дали се аматери или професионалци.

Награден фонд:

Прва награда – 4000 денари
Втора награда – 3500 денари
Трета награда – 2500 денари

Изложбата ќе се реализира во рамките на програмата на НУ Центар за култура Битола, со поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Битола, како дел од Бит Фест 2025.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни на следниот линк:

https://cedi.mk/konkurs-so-ljubov-od-bitola-2025/

Со љубов за Битола – организаторите ги очекуваат вашите фотографии!