Шапката како дел од градската култура

 

Присуството на дипломатите во Битола,секако,имало големо влијание во формирањето на вкусот и модата во Битола.За ова придонеле и школуваните Турци и Македонци кои,на преодот на двата века чинат прилични интелектуални јадра.Со значителен и богат стандард на живеење осетиле потреба за подобро облекување и чекорење во модата.Жив пример биле дипломатите и нивните жени кои често се мешале со мештаните.
Затоа,не случајно на Широк Сокак и покрај Драгорот,ќе никнат дуќани и стоковни куќи кои во кои ќе има голем избор на англиски штофови,виенски накит,белгиска тантела,париска галантерија и мода.

 

11866365_1453661838276557_2694252526438042796_n

Битолчани и дипломатските семејства своите тоалети ги покажуваа во познатата слаткарница Пешка во која доаѓаа,се муабетеја и по битолски,на МАНГАЛ МУАБЕТ,ги претресуваа моменталните битолски настани и личности.Во првите дуќани за изработка на шапки се нишлијата Душан Цекиќ,па Сотир Наумовски-Сотира,Зора Цветкова позната како Зора Капелу и Тодорка Зајакова сите сместени на Широк Сокак на просторот од ЦЕНТРАЛ до улицата на КАЛУЃЕРИЦИТЕ.

Модата беше таква,штом една девојка се сврши,можеше да стави шапка на глава и да се носи чанта во рака.
Модистрите беа подвижни дуќани сосе калфи и чирачки,кои кај свиоте муштерии остануваа и по еден месец,во зависност од материјалната состојба на домаќинот.

извор: списание МАГЕНТА,

 

 

wp-1468826803408.jpeg

 

 

 

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here