Во последно време во Битола забележано е знатно зголемување на потрошувачката на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Според податоците со кои располага угостителското претпријатие „Македонија“ битолчани во последниве шест месеци од оваа година потрошиле 222.348 литри алкохолни пијалоци, 21.281 безалкохолни и други напитоци во вкупна вредност од 124.580.000 динари.
Во истиот период најповеќе потрошено е пиво 95.895 литри, потоа ракија 68.272, вино 52.809, жестоки пијалоци 5.372. Забележан е пораст и на потрошувачката на сокови 7.045 и безалкохолни пијалоци 21.281 литар.
Заедно со зголемената потрошувачка на пијалоците зголемена е и нивната набавна и продажна цена. Така во почетокот на годината еден литар вино се набавуваше за околу 115 динари, додека шест месеци подоцна таа цена се наголеми на 130 динари. Иста е положбата и со пивото од 39 ce наголеми на 48 ракија, од 250 на 295, коњакот од 600 на 620 динари итн. Интересно е да се напомени дека безалкохолните пијалоци и сокови не бележат покачување на цените.
Продажната цена на алкохолните пијалоци зголемена е кај повеќе видови пијалоци. Така кај виното тоа зголемување изнесува од 125 динари по литар, кај ракијата 200, кај пивото 20 динари, итн. До покачување на цените дојде поради зголемување на услугите, набавната цена, како и на другите давачки што ги има претпријатието.
Според известувањата што ги добивме во дирекцијата на Претпријатието „Македонија“ нема да се зголемат цените, ами според најновите навестувања се очекува да бидат намалени цените на сите видови алкохолни пијалоци.
Л.Бунтевски “Битолски весник”