КОЛЕДИЦА, МЕЛЕДИЦА
Кoледица меледица,
и по неа Василица,
еднаш ние во година
како цвеќе во градина,
коледе бабо коледе
дајми едно костенче,
едното за мене
другото за другарчето
СИВА СИВА ГУЛАБИЦЕ
Сива сива гулабице
Каде си се осивила,
Таму горе на небеси.
Шо имаше, шо немаше ?
Таму има мала Бога
Мала Бога и Божиќа
Си редеја златни чаши
Златни чаши и канати!
КОЛЕДЕ, МЕЛЕДЕ
Отворете врати
сребрени и златни
отворете златни порти
коледе меледе
Ви дојдоја мили гости
коледе меледе
мили гости коледари
коледе меледе…
Да не заборавите драги битолчани, да ги отворите ширум Вашите порти и да влезе коледарската песна во вашиот дом. Нека нашите коледарчиња Ви донесат мир, здравје и благосостојба во вашата фамилија!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ !