На денешен ден во мај, Битола живеела во духот на едно друго време. Според архивски запис на агенцијата Танјуг, Штафетата на младоста пристигнала во Битола во вечерните часови, а градот ѝ приредил масовен пречек.

Над 10.000 млади, граѓани и припадници на ЈНА се собрале на тогашниот плоштад „29 Ноември“ и долж главната улица – денешен Широк Сокак, каде срдечно ги поздравиле носителите на штафетата и локалните штафети.
По свечениот прием бил одржан и митинг, на кој говорел тогашниот претседател на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на битолската општина, Ристо Божиновски.
Интересно е што веќе следното утро, во 06:30 часот, штафетата го продолжила патот кон Прилеп, а потоа и кон Скопје.

Едно време, една традиција и една Битола која знаела масовно да излезе на улица.
