Пред 18 години, кога само надежта останала да биде најголемиот водич, Прим. д-р Таше Трпчевски помогна да се создаде еден нов живот.
Благодарение на ИВФ постапката, едно мало срце започнало да чука, а сонот на мајката стана реалност. Тоа мало срце, малата Спасија, денес стои пред нас – прерасната во прекрасна млада девојка, која со насмевка се врати на местото каде што започна нејзината приказна.
Со топлина во срцето и длабока благодарност, таа дојде лично да му се заблагодари на човекот кој го започна нејзиниот животен пат.
Со гордост и емоции, нејзината мајка на социјалните мрежи напиша:
„Патот кон невозможното стана реална среќа.“
На ѕидот исполнет со илјадници ИВФ бебиња, каде секоја фотографија е дел од нечиј најголем сон, стои и нејзината слика – како симбол на вера, надеж и љубов што продолжува да инспирира.
Болница Плодност Битола