Во едно лето пред години, на гости во Битола ни дојдоа родителите на мојата снаа, родени Американци ! Прв пат се сретнуваат со различна култура од нивната,со различен менталитет и со македонските традиционални јадења! Некои работи им беа интересни, некои необични, некои пак не можеа да ги разберат ! Кога прв пат видоа на Широк Сокак многу луѓе, помислија дека се работи за некои демонстрации !

Јас пак да му надокнадам на син ми за сите пиперки што ги пропуштил во изминатата година , секој ден правев по нешто од свежи пиперки ! Сецкани и пржени со домати, јајца или изварка ! Пржени цели со сос од домати, печени со лукче и магдонос, пинџур и т. н и т.н !

Некаде петиот ден ме прашува сваќата , на колку начини знаеме да припремаме пиперки ! И одговорив дека не знам точно , но ако сака да види , нека дојде на есен, некаде кон крајот на септември или во октомври и дури тогаш ќе види на колку начини спремаме пиперки за зимница !

Е сега, за да ми помогнете и да и кажам на жената ( сѐ уште не и имам одговорено ) на колку начини спремаме пиперки, напишете во коментарите по некоја рецепта ! Белким ќе успеам да ги добројам сите рецепти за пиперките ! Ви благодарам на соработката !

АНАСТАСИЈА КОКАН ПЕТРОВСКА