ПСК „Пелистер“ изразува голема благодарност до вработените во „Македонија Осигурување – ВИГ“ од Битола и Прилеп, кои со своја иницијатива организираа акција за чистење на просторот околу Планинарскиот дом Копанки на Пелистер.

Акцијата се одвиваше денес во пријателска и позитивна атмосфера, а за неколку часа беше исчистен поширокиот потег околу домот. Со оваа активност, „Македонија Осигурување – ВИГ“ уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија која активно придонесува за заштита на природата и за општо добро на сите љубители на планината — особено на Пелистер.

ПСК „Пелистер“ со гордост ја поздравува оваа иницијатива и се надева дека ваквите акции ќе продолжат и понатаму, како пример за грижа, солидарност и љубов кон природата.