Кога Драгор беше срцето на Битола

од April 2, 2026 0 коментари

Некогаш, пред бучавата на модерното време, Драгор течеше тивко низ Битола, како нишка што ги поврзуваше луѓето, маалата и приказните.

Оваа ретка илустрација од 19 век ни ја прикажува Битола каква што ја паметат старите, со мостот над Драгор, со куќи што гледаат кон реката и со луѓе што чекорат полека, без брзање, како да имаат време за сè.

Мостот не бил само премин. Бил место за средба, за муабет, за поглед кон водата што носи и мисли и спомени. А Драгор , не бил само река. Бил живот.

Денес, можеби не изгледа исто. Но ако застанеш на миг и го слушнеш, ќе го чуеш истиот оној звук, тивок, но длабок. Звукот на Битола.

Илустрацијата „Bridge over the Drachor, Monastir“ е изработена од швајцарскиот литограф Јозеф Ханхарт, уметник познат по своите прецизни гравури од европски градови во 19 век. Неговите дела често се базирани на скици од патеписци, претворајќи ги во визуелни сведоштва за времето и просторот.

Babam Bitola

Comments are closed.