„Првите години од моето детство, и првите години на 20-тиот век ги поминав на битолските улици. Тие беа поплочени со калдрма и воглавно празни. Понекогаш по нив ќе поминеше некој пајтон или арабаџиска кола, додека моторизиран сообраќај немаше.

Кога во 1912 година на улиците се појави првиот автомобил „Форд”, ние децата трчавме по него. Тој се обраќаше на релација, Битола – Прилеп. Се сеќавам.дека една сабота, татко ми ме зеде и ме однесе со автомобилот во Прилеп. Бев многу среќен бидејќи прв пат се качив на автомобил.“

Извадок од Мемоарите на Димитар Секуловски, голема благодарност до Ели Секуловска.

Поврзано:

ПРВИОТ АВТОМОБИЛ ДОНЕСЕН ВО БИТОЛА