Денес звучи како легенда, ама некогаш Битола навистина живеела вакви приказни!
Според стар весник, на 30 јуни во реката Драгор, која минува низ Битола, еден папуџиски шегрт случајно пронашол златни „Наполеони“ – познати француски златници.


Приказната почнала кога младиот шегрт забележал жолтеникава светлина во водата. Од љубопитност влегол во реката и на свое огромно изненадување извадил златник. Не застанал тука – продолжил да бара и за кратко време пронашол дури 12 Наполеони!
Веста брзо се проширила низ градот, па Драгор буквално се претворил во „златна треска“. Битолчани, шегрти, калфи и љубопитни граѓани почнале да ја пребаруваат реката, превртувајќи камења во надеж дека и тие ќе пронајдат скриено богатство. Според тогашните информации, некои наводно нашле и до 35 златници!
Од каде дошле парите во Драгор и денес останува мистерија. Дали некој ги сокрил? Дали реката ги донела од некаде? Или Битола крие уште нераскажани тајни?
Битола отсекогаш имала приказни што звучат како филм…
