На фестивалот на забавни мелодии во Гевгелија, Првиот аматерски глас на Македонија, се појави едно ново и надежно име во македонската забавна музика.
Тоа беше Елица Ковачева, тогаш само 15-годишна ученичка во прва година гимназија од Битола.

Со својот настап таа ја освои втората награда и веднаш се наметна како пејачка од која многу се очекува.

Иако изненадена од успехот, со скромност изјавила:
„Немам зборови да ја изразам мојата радост. Тоа е уште еден стимул по завршувањето на гимназијата да се посветам на музиката. Мојата желба е еден ден да станам оперска пејачка. Затоа уште сега се подготвувам и постојано вежбам.“
Елица Ковачева тогаш беше едно од најнадежните имиња на најмладата пејачка генерација во Македонија.
Битола отсекогаш знаела да раѓа таленти.
Благодарност до Битола стари фотографии и Златко Ангелевски
