КОГА БИТОЛА ИМАЛА ВЕСНИК „СВЕТЛИНА“ – ЗАБОРАВЕНА СТРАНИЦА ОД ГРАДСКИОТ ПЕЧАТ ВО 1910 ГОДИНА

од • October 14, 2026 • 0 коментари

Пред повеќе од еден век, кога Битола била град на конзули, трговци, печатници и различни култури, на нејзините улици се продавал и весник со име „Фос“, што во превод значи „Светлина“.

Првиот број излегол на 4 декември 1910 година. Весникот бил печатен на грчки јазик, во печатницата на браќата Пили во Битола.

Се состоел од четири страници и првично излегувал во недела, а подоцна во сабота.

Во него можеле да се прочитаат политички вести, информации од градскиот и општествениот живот, трговски известувања, литературни прилози и поезија.

Прв издавач бил Спиридон Дума, а од 1911 година издавањето го презел Василиос Нотис.

Меѓу соработниците се споменуваат Георгиос Модис, Георгиос Сајакис и Петрос Киријазис.

Особено интересен е бројот 60, од 4 септември 1911 година, чија прва страница е зачувана. На неа бил објавен некролог за солунскиот интелектуалец Димитриос Лалас, напишан од битолскиот поет и книжевник Георгиос Сајакис.

Последниот досега познат број е бројот 94, од 5 мај 1912 година, само неколку месеци пред почетокот на Балканските војни.

Постоењето на „Фос“ е уште еден доказ за развиената печатарска и новинарска дејност во стара Битола.

Во градот се создавале и печателе изданија на различни јазици, одразувајќи ја неговата сложена општествена и културна историја.

Денес, повеќе од еден век подоцна, зачуваната насловна страница од „Фос“ е уште едно парче од големиот мозаик на битолското минато.

Битола низ светските архиви | Бабам Битола

Извор: грчки историски публикации за весникот „Το Φως“, 1910–1912 година.

Babam Bitola

Comments are closed.