Коалицијата „МОЖЕВМЕ“ поради голем интерес уште еден митинг во Битола!

Ноќта на 30-ти Март сите патишта во Битола водеа кон Центарот за култура, на стенд ап митингот на Бојан Велевски и нашиот битолчанец Марјан Георгиевски.

Во стилот на прав предизборен митинг со многу енергија и елан влегоа во салата двајцата лидери, бурно поздравени од илјадната публика која цели два часа не стигна да земе здив од смеа и аплаузи. Бојан и Марјан, во целост ги оправдаа високите очекувања на битолчани.

Прекрасната атмосфера и еуфорија се пренесува и на следниот митинг кој ќе се одржи на 13.04. во големата сала на Центарот за култура во 20ч.

Првите 100-на карти (400 ден) веќе се продадени, како што нѐ информираат од Димпо Тобако и Бурбон паб.

Текстот е на маестрото за политички хумор – Божидар Божиновски.