Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија (КМФМ) објави официјално соопштение во кое остро ги демантира обвинувањата изнесени од страна на КБК „Самурај“ – Битола и спортистката Леа Бошевска, во врска со селекцијата на националниот тим за Светското првенство во Абу Даби кое се одржува од 21 до 30 ноември.
Според федерацијата, тврдењата дека жените биле дискриминирани при селекцијата се „неосновани и неточни“ и дека изборот на репрезентацијата бил спроведен исклучиво согласно спортските критериуми и правилата што важат за сите категории.
Во соопштението се наведува дека во тековниот циклус на подготовка немало женска натпреварувачка која ги исполнила строгите услови за учество на Светското првенство, поради што федерацијата смета дека нема основа за обвинувања за родова дискриминација.
КМФМ дополнително истакнува дека секогаш дава силна поддршка на женските категории во кикбокс-маитаи, со редовни финансиски и организациски програми, и дека изјавите за запоставување на женскиот спорт „не се засноваат на факти“.
Во однос на спортистката Леа Бошевска, федерацијата информира дека е подготвена да ги разгледа сите доставени аргументи доколку постојат, но повикува на конструктивна комуникација и почитување на процедурите.
Од федерацијата апелираат клубовите да се воздржат од, како што велат, „ширење на неточни информации кои го нарушуваат угледот на спортската заедница и го деградираат трудот на спортистите“.
КМФМ најавува дека ќе продолжи со работа на развој и унапредување на спортот на национално и меѓународно ниво, „со целосна транспарентност и еднаков третман за сите натпреварувачи, без разлика на пол, клуб или др.





