Почитувани Битолчани, Чкембари
Кошаркарскиот Клуб „Пелистер“-Битола ве поканува на последниот домашен натпревар за оваа сезона , во петок 10.06.22, против екипата на КК „МЗТ“-Скопје, во рамките од финалната серија на домашното првенство.
Заедно да ги бодриме, и да им се заблагодариме за се она што се постигна во оваа долга сезона.
Билетите поради голема заинтересираност ќе започнат со продажба денес од 15:00 часот, пред Спортската Сала „Боро Чурлевски“-Битола.
Кошаркарскиот Клуб „Пелистер“-Битола Ве замолува навремено да го подигните вашиот билет, поради голема заинтересираност да се избегнат дополнителни гужви.
Ве очекуваме на уште еден спектакл.
Со почит