КК „ЗАНШИН ДО“ од Битола со одлично реализирана сезона

од June 7, 2024 0 коментари

Од меѓународниот турнир „ОХРИД ОПЕН“ – ОХРИД кој се одржа изминатиот викенд и на кој учествуваат 600 натпреварувачи од Македонија, Словенија, Англија, Бугарија, Босна, Грција, Косово, Албанија и Црна Гора. К.К„ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА се врати со 3 пехари и 30 медала и тоа 6 злата, 8 сребра и 16 бронзи.

Со овај настап К.К „ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА пролетната сезона ја заври со одлични резултати, само во пролетната сезона каратистите освоија 127 медала и тоа 19 злата, 24 сребра и 84 бронзи. Во оваа сезона Вероника Кочов и Стефани Кикеска кои повторно покажаа дека сите сме еднакви настапија на 3 големи турнири и се закитија со 6 злата , доделени со аплауз и восхит на што никој не останува рамнодушен па многумина со солзи им аплаудираа на ови златни девојки .

Г

Горда сум што Битола има одличен карате тим кој е помеѓу најдобрите каратисти во Македонија и Балканот. Очекувам есенската сезона да резултира со уште поголеми успеси со што оваа година да биди најуспешна од постоењето на клубот…истакна за крај нивниот тренер Стевка Јанковска Петковска

Babam Bitola

Comments are closed.