За изградбата на куќите на Диковци на Широк сокак за првпат во Битола се употребило варено дрво и сите ѕидови внатре биле рачно нацртани од кичевски зографи.
Таваницата од куќата на фамилијата Чукалка на Широк сокак е истотака дело на кичевски зографи
Куќите на Дикови се скоро идентични по изглед. Некои од битолчаните ги именуваат и како „близначките”.
Во првата куќа која била поголема, живееле двајцата браќа со фамилиите. Третиот брат Сотир на негова 12-годишна возраст се запишал да учи и останал во Америка и никогаш не се вратил во Битола и Македонија.
Но врските со фамилијата не ги прекинал, така што некаде кај 50-тите години од минатиот век ги пречекал во Америка неговите внуци, од брат му Методија, ќерката Љубица и синот Тихомир.
Повеќе за битолските фамилии во „Приказните од Широк сокак ”