Македонскиот мотокрос доби уште една причина за гордост. Нашиот Христијан Илиовски ја освои титулата Шампион во класата MX1 за 2025 година, потврдувајќи дека Битола има вистински спортски херој на две тркала.

Со извонредни настапи, константност и борбен дух во текот на целата сезона, Илиовски доминираше во најсилната класа и заслужено се искачи на највисокото место на подиумот. Неговите резултати се доказ за долгогодишна посветеност, напорна работа и љубов кон мотокросот.

Христијан ќе ја продолжи својата кариера во наредната сезона како дел од реномираниот тим Triumph, каде што се очекуваат нови предизвици и уште поголеми успеси.

Честитки и до останатите добитници на награди за 2025 година, со желби 2026 да донесе уште повеќе победи, спортски радости и меѓународни признанија за македонскиот мотоспорт.