На јубилејното 10. издание на меѓународниот турнир BALKAN BEST FIGHTERS, кој се одржа во Ниш, Србија, битолскиот клуб КБК ENERGY оствари исклучителен успех и уште еднаш го потврди својот квалитет на регионалната киклајт сцена.

Клубот настапи со шест натпреварувачи во осум влезови и се врати со вкупно осум медали, пет златни, две сребрени и една бронзена, што претставува извонреден резултат на силна меѓународна конкуренција.

Со златни медали се закитија:

  • Петар Лозановски (OC KL -57 кг)
  • Петар Лозановски (OC KL -63 кг)
  • Маригoна Зенуни (OC KL -46 кг)
  • Лео Наумов (OC KL -57 кг, Б класа)
  • Димитар Димевски (OC LC -57 кг, Б класа)

Сребрени медали освоија:

  • Димитар Димевски (OC KL -57 кг, Б класа)
  • Дарко Нумановиќ (J KL -69 кг)

Бронзениот медал го освои:

  • Димитар Стефановски (YJ LK -71 кг)

Посебно признание му припадна на Петар Лозановски, кој беше прогласен за најдобар кадет во киклајт дисциплина, по остварени шест борби и шест победи во две различни тежински категории, со што заслужено го понесе пехарот за најуспешен натпреварувач.

Екипата беше предводена од тренерите Александар Димовски – Димса и Марија Димовска, кои со својата посветеност и стручен пристап повторно имаа клучна улога во успехот на клубот. Дел од турнирот како интернационален судија беше и Никола Бубевски, претставник на КБК ENERGY.

Од турнир на турнир, КБК ENERGY покажува сѐ поголем напредок и континуитет во резултатите, што претставува уште една потврда за сериозната и квалитетна работа во клубот и за спортската иднина што ја градат битолските борци.