Почитувани, Ве известуваме дека картите за концертот во чест на Кире Костов: Летај Галебе – Младите за Кире Костов, ќе бидат пуштени во продажба на 03.06.2024г. понеделник, од 12 часот во Тобако Димпо во Битола по цена од 500 денари.

Оваа вечер ќе биде посветена на музичкото наследство на Кире кое остави неизбришлива трага во македонската музичка историја.

Дата: 07.06.2024
Време: 20.00
Локација: Центар за култура, Битола

Кире Костов, композитор со исклучителен талент и визија, ја збогати македонската музичка сцена со безвременски хитови како „Галеб тажен“, „Кога те нема“, „Тајно моја“, и многу други.

Во оваа вечер посветена на неговото дело, ќе ги слушнеме неговите незаборавни хитови изведени од Димитар Андоновски, Сефедин Бајрамов, Антониа Гиговска, Бојан Стојков, Мина Блажев, Раде Врчаковски Врчак, Барбара Поповиќ, Кики Мукаетова, Драгана Јовановска, Андреа Томовска. Нека музиката на Кире Костов нѐ обедини и нѐ потсети на убавината на нашето музичко наследство.

Сценарио: Петар Горко
Водител: Петар Горко