Бранко Николов – Пијан Славеј ја претстави својата нова песна „Си љубела, ќе љубиш“, авторски проект во кој како гостин се појавува Каролина Гочева.
Токму Пијан Славеј стои зад идејата и целиот проект, а Каролина со својот препознатлив вокал ѝ дава посебна емоција на песната.
„Кога и да ми се јави Пијан Славеј со некоја идеја нешто да снимиме или испееме, прво велам ‘да’, па потоа преслушувам“, напиша Каролина при претставувањето на новата песна.
Во проектот се вклучува и Драги Иванов, младо музичко име кое Каролина веќе подолго време го следи и со кое чекала можност да соработува.
Визуелизерот го изработи Arxend, а во него се појавуваат Анастасија Трајковска и Стефан Ристевски.
„Си љубела, ќе љубиш“ – нова музичка приказна на Пијан Славеј, збогатена со гласот на Каролина Гочева.
Уживајте!
