„Као какао“ ќе го отвори БИТ ФЕСТ 2026: Влезниците од 15 јуни во Офицерски дом

од June 12, 2026 0 коментари

Културно-информативниот центар Битола ги започнува последните подготовки за свеченото отворање на 18. издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2026“. Годинашниот фестивал ќе биде отворен на 19 јуни (петок), во НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 19:30 часот, со изведбата на мјузиклот „Као какао“.

Станува збор за продукциско остварување инспирирано од музиката на Влатко Стефановски, со љубовна приказна напишана од Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски. Мјузиклот обединува врвни имиња од македонската културна сцена и претставува едно од најочекуваните уметнички случувања ова лето.

Влезниците, по цена од 300 денари, ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 15 јуни 2026 година. Истите ќе може да се набават во Офицерскиот дом во Битола, во термините од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.

Од КИЦ Битола информираат дека бројот на влезници е ограничен, а заинтересираните граѓани можат да направат резервација на телефонскиот број +389 71 348 421.

Битола и ова лето ќе живее во ритамот на културата, уметноста и добрата музика, а „БИТ ФЕСТ 2026“ уште еднаш ќе ја потврди својата улога како еден од најзначајните културни фестивали во државата.

Babam Bitola

Comments are closed.