Манифестацијата „Денот на свети Кирил во Рим“ во изминатите години прерасна во празник со кој се слави мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, чија хумана активност остави траен белег во историјата на Европа.

Во рамки на овогодинешното чествување свој концерт во Рим имаше Камерниот оркестар на Битола со солистот Наде Талевска – Спасовска. На програмата беа македонските народни и изворни песни: „Бор садила мома Евгенија“, „Елено ќерко“, „Ој ти момче Охриѓанче“, „Јовано Јованке“, „1762 лето“, „Си заљубив едно моме“, „Налеј, налеј“, „Ајде болно лежи мојто либе“ како и сплет од три староградски песни за Битола („Битола мој роден крај“, „Ако одам во Битола“, „Сношти поминав заминав“) и неколку византиски песни.